Аматери

📅 јануари 22, 2026
⏰ 21:30

🎭 Режисер: Синиша Евтимов

⏱️ Времетраење: 100 минути

🎟️ Влез: 150 ден

amateri

За претставата

„Аматери“ е сатирична и експлозивна театарска претстава што ги меша историјата, поп-културата и современиот апсурд во еден хаотичен, магично-забавен свет. Од Солунските атентати, преку партизани во „Фортнајт“ универзумот, до пародични реклами за Кавадарци, козметика и хотели – сè е дозволено и ништо не е свето. Преку динамични сцени и ликови што постојано се движат меѓу мит и реалност, „Аматери“ поставува прашања за идентитетот, историјата, смислата на животот и сè останато. Ова е претстава за револуционери и будали, за љубовници и предавници, за партизани и инфлуенсери – за сите нас што од љубов кон идејата или хаосот остануваме аматери. „Аматери“ е спектакл кој ја брише границата меѓу смеење и плачење, меѓу историјата и фикцијата, меѓу трагедијата и фарсата.